ФИЕГ и подмладоците на ЕМФ со пораки за фер и демократски избори

МОДОМ во пресрет на предвремените Парламентарни избори 2016 ја споделува заедничката Изјава на Федерацијата на млади европски Зелени со подмладоците на политичките партии, членки на Европскиот младински форум.
Младите од Европа, следејќи го активно изборниот процес ни порачуваат дека и понатаму земјава останува во нивниот фокус и посочуваат дека само фер и демократски избори ќе ни осигураат подобра и европска иднина.

МОДОМ го поздравува овој документ и се надеваме дека нашата земја ќе ги исполни очекувањата кои се содржани во него. Би сакале да ги искажеме и нашите заложби дека во иднина и подмладоците на политичките партии во земјава треба да го следат овој европски пример и заеднички да креираат политики и документи, кои сите не засегаат.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од Изјавата:

Изборите закажани на 11 декември им овозможуваат на луѓето во Р. Македонија можност за нов почеток и обединување на сите демократски сили. Пред се, им нуди можност да изберат насока за иднината на нивната држава.

Слободни и фер избори се основни принципи за градење на една демократска држава. Овие принципи не се во можност за преговарање и мора да се почитуваат од сите политички партии. Обезбедување на чисти изборни листии спречување на манипулација на гласачкото тело, мора да биде приоритет, со цел да се обезбеди не само транспарентност и одговорност, туку најнапред легитимност на изборниот процес. Од суштествено значење е граѓаните на Македонија да имаат повеќе различни опции од кои тие самите ќе можат да одберат каков живот и систем сакаат за нивната држава. Ова значи, слободна и отворена конкуренција на сите заинтересирани политички партии. Имајќи го предвид последниот извештај од Европска Комисија за Р. Македонија, во кој се споменува зголемување на ризикот од „државна контрола“ и укажува на сериозна загриженост во врска со граѓанската слобода, од големо значење е овие избори да бидат слободен и фер, за да може државата да се врати на демократски пат и да преземе одговорност за следен позитивен извештај.

Живописните дискусии фокусирани на политичка содржина и идеолошки разлики, не само што дозволуваат сите граѓани даги уживаат своите основни права, како што се слободатана говорот, слободата на здружување и собирање и слободата на печатот, туку исто така се алатка која доведува до подлабоко политичко учество и отвара нов пат за еманципација и на индивидуалци и на групи.Затоа, ги повикуваме сите кандидидати да ги искористат нивните можности и да учествуваат на јавни дебати, да придонесуваат со доволно информации за граѓаните да можат да донесат информирана одлука базирана на факти.

Граѓаните на Р.Македониja живеат во поларизирано општество многу години и заслужуваат еднаш и засекогаш да уживаат во нивните основни права и демократија. Се останато не им ја дава соодветната почит, што тие ја заслужуваат.

Како млади луѓе, кои не само што живеат денеска, туку и ќе се сносат со последиците на денешните одлуки во иднината, повикуваме до сите партии и сите останати релевантни институции и организации колективно да обезбедат граѓаните во Р. Македонија да живеат во демократијата која претставува нивнозагарантирано уставно право.

  • EFAY – Европска слободна алијанса на млади
  • FYEG – Федерација на млади европски зелени
  • IFLRY – Интернационална Федерација на млади Либерали
  • IUSY – Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци
  • JEF– Млади европски федералисти
  • LYMEC – Младинска организација на европските либерали
  • LYMEC – Млади демократи за Европа
  • YES – Млади eвропски Социјалисти