Зборувајќи како панелист за состојбите со отпадот во Македонија, Лилјана Поповска кажа дека постои солидна законска рамка, но слаба имплементација.
„Сеуште сме на ниво на чистење на населените места и фрлање на отпадот зад грбот. Нема организирани регионални депонии и сме на самиот почеток на селекција на хартија, пластика и е-отпад. Цел треба да ни биде концептот за нула отпад, со целосна селекција и рециклирање, без создавање нови CO2 емисии. Треба да се препознаат можностите на зелената економија за отворање стотици илјади зелени работни места, наместо валкани бизниси, штетни за здравјето и природата и можност за корупција. За да се грижиме за екологијата не се проблем парити, туку политичките приоритети! Доказ е трошењето 18 милиони евра за панорамско тркало, наместо за истите пари да се изгради една регионална депонија“.
Лилјана Поповска како пратеничка од Зелената партија ДОМ денес се обрати на светскиот конгрес на организацијата ИСВА-Светска организација за менаџмент на отпад каде учествуваат 1600 претставници од целиот свет. Тема се современи методи за третман на отпадот, како и политики за развој на зелената економија. Таа говореше на панел на тема „Добро владење со учество на членовите на Парламентите од Југоисточна Европа“.