Делегација од ДОМ на конференција на Европските Зелени за бегалците

Делегација од ДОМ во која се наоѓаат Маја Морачанин и Емил Крстески, учествува на конференцијата на Европските Зелени во Минхен, на тема „Зелените локални политики за бегалците: можности и предизвици“.

На конференцијата се разговара за досегашните искуства и проблеми поврзани со бегалците од воените жаришта, посебно за прашањата за пристап до здравствена грижа, образование и домување. Целта на конференцијата е да се дефинираат идните политики за поуспешна интеграција на бегалците, за пристапот до пазарот на труд, како и за подигање на свеста кај локалните заедници за потребата од солидарност и разбирање, при што е особено важна улогата на граѓанското општество.