Милан Николовски од МОДОМ учествуваше на второто издание на Европскиот младински настан (EYE2016) што се одвиваше во Европскиот парламент во Стразбур на 20-21 мај со мотото “Заедно можеме да направиме промена”.
Дводневниот настан овозможи дискусии на широк спектар на теми од климатските промени и невработеноста на младите до верски екстремизам и одржлив развој. Повеќе од 7000 млади луѓе на возраст од 16 до 30 години од 39 земји имаа можност да ја доживеат богатата културна различност во Европа на многу концерти и уметнички изведби.
Претставник на МОДОМ на овој настан беше Милан Николовски учествуваше преку Федерацијата на Европските млади Зелени (FYEG), кои како партнер организација на Европскиот младински форум (ЕYF) организираа работилница за политиките на Европската миграција.
Фокусот беше ставен на 5 главни теми:
– војна и мир – Перспективи за мирот на планетата
– апатија или учество – Агенда за динамична демократија
– исклучување или пристап – Невработеноста кај младите
– стагнација или иновација – Новите работни места во светот
– колапс или успех – Нови начини за одржлива Европа
Повеќе од 50 младински групи помогнаа да се организираат половина од вкупно 150 активности на овој настан, со што го прави вистински младински настан организиран од млади луѓе. Главна цел беше да се отвори непрекинат дијалог со младите и да им се даде платформа да ги искажат своите идеи за Европа и да го свртат вниманието кај членовите на Европскиот Парламент и другите креатори на политики, а исто така и да се поддржи широка јавна дискусија меѓу младите во Европа за идни прашања и теми во широк спектар на области со што ќе се зајакне Европската демократија на долг рок.