Лилјана Поповска од ДОМ го предложи законот за политички партии по две измени во членот 18:
- Да се олесни процесот на регистрирање на политички партии со отстранување на обврската за вадење и поднесување заверено државјанство, зашто е бирократска и финансиска пречка за формирање партија, што е уставно загарантирано право на здружување. Ова е поднесено на иницијатива на НВО Ленка;
- Да се овозможи постоење ко-претседатели на политички партии по примерот на многу европски земји, што многу често го практикуваат зелените партии и избираат двајца претседатели- маж и жена,во функција на поголема партиска демократизација. Ова е програмска заложба на ДОМ. Предлогот по скратена постапка беше одбиен од парламентарното мнозинство без образложение, на што Поповска процедурално забележа: ˶Шокирана сум што е одбиен закон кој се однесува на демократизација на политичките партии и политичката сцена кому може да му пречи ова?″
Поповска повторно го поднесе законот овој пат во редовна процедура.