Каква е таа „зелена“ технологија за топење отпадно железо во Пробиштип?

Пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска постави две пратенички прашања на денешната собраниска седница:

До Министеството за транспорт и врски: „Зошто Владата не сака да се донесе Закон за зеленило? Дали е проблемот тоа што ДОМ беше предлагач, па го одби законот два пати за две години? Ако е тоа проблемот, лесно може да се реши – нека го предложи било кој од колегите, па да го изгласаме. Зашто, тој закон не ми треба мене и на ДОМ, туку на сите граѓани, заради повеќе кислород, пониски температури, сенки и намалено загадување. Затоа ни треба законска заштита на зеленилото, обврска за подигање ново, со стандарди од 25 м2 по жител на ниво на град и 10-30% на ниво на градежна парцела. Кому може да му пречи носење на ваков благороден закон, во сечиј интерес? Прашањето го поставувам до ова министерство, зашто со нив преговарав и го усогласував законот.“

До потпретседателот Владимир Пешев: „Каква е таа „зелена“ технологија за топење отпадно железо, на 1 км од градот Пробиштип? Ова е дезинформација за граѓаните, зашто се нудат 280 вработувања како замена за здравјето на цел еден град! Зашто, нема тешка индустрија што е зелена, напротив, секоја тешка индустрија се води како загадувачка индустрија. Нема светска пракса за отворање нови индустриски зони за тешка индустрија во градовите! Нема зелена технологија за малку пари, нема пари и сериозен инвеститор ако основачкиот влог му е 100.000 еу и е основан на Девствените Острови! Нема развој на рурален туризам и здрава храна во зона за тешка загадувачка индустрија, а Македонија си ги постави за приоритети! Нема тајна што останува неоткриена, кога се работи за јавен интерес! Жалам што ништо не  е научено од минатото и непотребно ќе си трошиме енергија во борба и докажување. Зашто, не помина рестарт на топилницата во Велес, не помина железарница во Неготино, нема да помине ни леарница во Пробиштип