ДОМ преку пратеничката Лилјана Поповска вторпат го поднесе Законот за урбано зеленило во Парламентот и тој од денеска, 5 јуни 2015 – Светски ден на екологијата, е достапен за секој заинтересиран на страните на Собранието и на ДОМ (www.dom.org.mk).
Првпат беше поднесен во февруари 2014 и не доби поддршка. Инаку, Законот е веќе 2 години изработен, во соработка со Градот Скопје, ЈП Паркови и зеленило и Агенцијата за просторно и урбано планирање. ДОМ се бори за донесување ваков закон веќе 4 години, кога јавно иницираше институционална заштита на урбаното зеленило, изработка на зелен катастар и градски архитект, како одговор на урбаната експанзија.Промоција на кампањата „Закон за урбано зеленило – веднаш!“ ќе се одржи утре, сабота (6.6.2015), со почеток во 12.30 часот, во Градскиот парк, кај чешмата пред Езерце.
Со почит ,
Сектор за односи со јавност на ДОМ