Поднесен Закон за амнестија на 15.000 невработени лица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, заедно со пратениците Павле Трајанов, Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева го поднесе ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НА ЛИЦА КОИ ДАЛЕ НЕТОЧНИ ИЗЈАВИ ЗА ГОДИШНИТЕ ПРИХОДИ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Законот е иницијатива на Движењето за социјална правда „Ленка, чиј претставник Игор Смилев беше присутен на прес-конференцијата во Парламентот.

Со законот треба да се реши еден системски проблем во кој се западнати државните институции и една голема група од 15.000 граѓани, поради давање неточни изјави за годишни приходи во 2011 и 2012 година. Пресудата е покрената од Јавното обвинителство групно, преку казнен налог и досудена без присуство на обвинетите. Се работи главно за невработени и социјално ранливи граѓани, кои се неоправдано казнети со 3 месеци затвор и 1 година условно и им е отворено криминално досие. Со оглед на фактот дека тие и во 2013 и 2014 година имаат по автоматизам пополнето исти изјави, ќе станат рецидивисти и ќе мора да се спроведе казната затвор поради надминување на приходите за 100 до 1000 денари!

Целиот случај е полн со нелогичности и преседани, па создава сериозен проблем за граѓаните и за државата. Особено што се осудени по член од Закон кој е претходно укинат на Уставен суд, на иницијатива на „Ленка“.!

Co почит,

Сектор за односи со јавноста на ДОМ

Законски Промени (линк)