ДОМ: Не е веќе важно кој добил власт на изборите, туку што правел со таа власт

ДОМ бара брзо решение на политичката криза, за да не добие други размери, па да стане регионална и меѓуетничка. На учесниците во преговорите им порачува да се водат од интересот на граѓаните и на Република Македонија, па да ги стават настрана своите политички агенди и маркетиншки трикови од предизборна кампања.

Тоа значи фокус на отстранување на причините што ја создадоа кризата, а тоа е начинот на владеење со кој се прекршиле принципите на правната држава, човековите права и слободи. Сето тоа се видe во „бомбите“ на опозицијата, ја потресе јавноста и изнесе илјадници луѓе на улица, на кои не им е важно КОЈ добил власт на изборите, туку ШТО правел со таа власт!

И токму таа јавност, тие граѓани, очекуваат брзо конституирање на преодна Влада со јасен мандат: контрола над текот на парите, пристап до правдата, пречистување на избирачките списоци и подготовка на регуларни избори. На овој начин таа преодна Влада би создала механизми за функционирање на правната држава врз демократски начела и транспарентно владеење. Таа Влада нема мандат ниту за редефинирање на државата, ниту на нашите меѓународни стратешки определби за ЕУ и НАТО.

Со почит

Сектор за односи со јавност на ДОМ