ДОМ го поттикнува Министерството за образование и наука да обезбеди сериозен третман за студентите и професорите во изработката на новиот Закон за високо образование.
Во пресрет на утрешната средба на Министерството со двата пленума и УКИМ, многу е важно да постои добра волја и свесност дека се оди на преговори со интелектуалната елита на Македонија, која има рационални и јасно артикулирани барања. ДОМ смета дека е сосем логично барањето на студентскиот и професорскиот пленум да бидат директно вклучени во работните групи за изработка на нов Закон, во транспарентна постапка. Овој закон треба да овозможи поквалитетно образование, достоинствен статус за студентите и професорите, повеќе средства за науката и формирање Министерство или друго тело посветено на високото образование и науката.