ДОМ го поздравува исходот од дијалогот за високото образование

ДОМ го поздравува исходот од дијалогот за високото образование, инициран од УКИМ и прифатен од Владата, а со учество на претставници од студентскиот и професорскиот пленум. Со ова се исполнети и нашите јавно искажани барања за повлекување на предложениот закон и изработка на нов.

Сметаме дека е логичен и рационален договорот за изработка на нов закон, со истовремено ставање настрана на спорните одредби, во една истрауматизирана ситуација кога ќе се блокираше целиот сектор.

ДОМ ќе се вклучи во дебатите при изработката на новиот текст, залагајќи се, како и досега, за поквалитетно образование, достоинствен статус на професорите и студентите, повеќе средства за науката и формирање Министерство или друга институционална форма, посветена исклучиво на науката и високото образование.

Сектор за односи со јавност на ДОМ