Денешната последна седница на актуелниот состав на Централниот одбор на ДОМ беа усвоени Предлог извештајот и програмата на ДОМ, како и Предлог составите на органите кои ќе бидат поднесени на Третиот конгрес.
Одлучено е да се поддржи Предлог програмата во која се нагласени зелените заложби на партијата кои и во наредниот период треба силно да се промовираат и да се наметнат како политички теми во општеството, промоција на нови и веќе докажани кадри, како и потребата за посилно афирмирање на партијата во семејството на европските зелени партии. Усвоени беа и предлог измените и дополнувањата на Статутот на ДОМ.
Предлогот Лилјана Поповска да биде кандидат за претседател на партијата беше донесен едногласно. Беа усвоени и предлозите за новите состави на Централниот и Надзорниот одбор. Во составот на Новиот Централен одбор една третина се од Младинската организација и исто така застапен е и родовиот баланс.
Третиот конгрес на ДОМ ќе се одржи во недела, 21 декември, во Сити хол, Скопје.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста