Залагање на зелените партии од Југоисточна Европа за одржлива и сигурна иднина без поплави.
Партиите на зелените од Југоисточна Европа ќе побараат од своите национални влади организација и одржување на регионална конференција за еколошка безбедност, која ќе ги вклучува надлежните институции и претставниците на академската заедница, граѓанското општество и приватниот сектор.
За време на пленарната седница во Стразбур, застапникот на ОРаХ во Европскиот парламент, Давор Шкрлец, предаде писмен преглед на изјавата на Европската Комисија во дебатата за подобра превенција и справување со поплавите на европско ниво.
Изјавата на европратеникот Шкрлец ја пренесуваме во целост:
„Ја поздравувам одлуката на Комисијата со која е доделена помош од 80 милиони евра за поплавените области во Хрватска, Бугарија и Србија. Јас го поддржувам поедноставувањето на правилата и условите за пристап до Фондот за солидарност со цел поефикасна и навремена помош за загрозеното население. Важно е дека погодените земји имаат целосно разбирање за критериумите на Европскиот фонд за солидарност. Единствено така е можно на Комисијата квалитетно да и се претстави состојбата на терен, а со тоа да се оствари највисоката можна финансиска помош. Од самиот почеток, Комисијата треба да се вклучи во дискусијата, а не да настапува пред самиот истек на роковите. На Конференцијата на зелените партии во Македонија се заклучи дека одговорноста заприродната катастрофа што ја погоди Југоисточна Европа се крие во климатските промени. Одтаа причина, ние мораме да се боримепротив штетните ефекти врз животната средина и сериозно да се заложиме за унапредување и финансирање на превентивни мерки воборбата против природните катастрофи. Партиите на Зелените одБалканот ќе се заложат за одржлива и безбедна иднина со акцент на здравата животна средина и човечкиот живот во истата. Концептот на еко-систем пристапот не е доволно препознат од страна на земјите-членки и Комисијата, иако самиот пристап покажува подобри резултати од традиционалните технички решенија. Ги повикувам сите заинтересирани страни да го користат овој одржлив начин за спречување и решавање на последиците од поплавите и другите природни катастрофи. Ефективната превенција е секогаш поевтина од обновата на погодените области.“
Изјавата е достапна и на следниов линк: http://www.davor-skrlec.eu/zalaganje-zelenih-stranaka-jugoistocne-europe-za-odrzivu-i-sigurnu-buducnost-bez-poplava/