ДОМ со големо задоволство ја информира јавноста за исклучителниот успех на втората акција „Македонија без ЕЕ-отпад“, која во текот на изминатата недела се одвиваше во 22 општини.
Собрани се огромни количества ЕЕ-отпад, во некои општини и по неколку контејнери, дури и полни камиони, како на пример во општините Ѓорче Петров и Куманово. Поради големиот интерес на граѓаните акцијата која требаше да заврши на 4 октомври ќе биде продолжена и во текот на идната недела, до 10 октомври.
Акцијата е во организација на ДОМ, во соработка со колективниот постапувач за ЕЕ-отпад „Нула-отпад“.
Со почит,
Сектор за односи со јавност