Портпаролот на ДОМ, Тони Ристов, во рамките на кампањата „Еколошка безбедност на Балканот! – Спремен одговор за климатските промени“, оствари работна средба со претставници од Црвениот Крст на Македонија.
Портпаролот ги запозна соговорниците со целите и активностите на кампањата, како и со подготовките за претстојната конференција на балканските зелени партии. Од Црвениот Крст на Македонија изразија поддршка за кампањата и подготвеност да помогнат во остварувањето на зацртаните цели.
Претставниците на Црвениот Крст ги презентираа досегашните активности, постигнати резултати и стратешки цели кои Црвениот крст на РМ ги има во поглед на климатските промени, особено во областа на здравството, безбедноста на храната и справувањто со ризици од катастрофи. Беа презентирани и искуствата во меѓународната соработка на ова поле, како и воспоставените мрежи на регионален план за адаптација кон климатските промени.
Во разговорот беше истакнато дека е неопходно подобрување на законската регулатива во сите области на еколошката безбедност, изградба и подобрување на капацитетите – човечки и материјални, интензивирање на едукацијата, подигнување на јавната свест како и зголемување на финансиските средства на национално и регионално ниво за справување со климатските промени.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ