Поповска со подршка за ХОТАМ за субвенционирање туристи од регионот

Поповска го поддржа предлогот на ХОТАМ. Во насока на рамномерен развој на сите туристички региони, според  Лилјана Поповска, Министерството за економија под итно да напарави анализа на резултатите од досегашните владини мерки, од причини што Владата има доста вложувања во овој економски сектор. Министерството за економија, потенцира Поповска, треба да пријде кон изработка на нова стратегија за развој на туризмот, само да потсетам старата престана да важи во 2013-та година.

– Дополнително министерството треба да подготви и стратегија за развој на туризмот во Охридско – струшкиот регион, како носечки регион за туризмот во Македонија и секако тоа треба да биде проследено со стратегии и водругите региони. Она што би требало да биде нова задача на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во следниот период според мене е регионализација на таа агенција. Имено, треба да се формираа онаа предвидена мрежа на подрачни канцеларии во секој регион посебно за да може да имаме рамномерен регионален развој на туризмот низ цела Македонија,подвлече Попоска.

Агенцијата интензивно работи на развој на руралниот туризам, па така деновиве беше промовиран проектот за Авантуристички туризам и параглајдерство во Крушево, а работи и на проекти за пешачки и велосипедски патеки, како и на стариот римски пат Via Ignacia – рече Поповска.

Со почит,

Сектор за односи со јавностна ДОМ

Скопје, 31.07.2014