Советување на Балканските зелени партии на тема: ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ! – Спремен одговор за климатските промени!

ДОМ ја продолжи кампањата „Еколошка безбедност за Балканот – Спремен одговор за климатските промени“, со советување на Зелените партии од Балканот. На средбата директно беа присутни претставници на „Зелени Србије“, „Зелените“ од Бугарија, а преку видео линк се обратија и претставници од Албанија и Романија.

Поддршка за кампањата и дадоа и ОРаХ од Хрватска, Позитивна Црна Гора, Партијата на Зелените од Бугарија и турските Зелени. На ова прво советување балканските зелени формираа Коалиција за еколошка безбедност на Балканот. Кампањата на ДОМ е поддржана од 8 партии од 7 земји. Активностите на ДОМ за справување со климатските промени се поддржани од Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов.

советувањето беа претставени проблемите и последиците од климатските промени во секоја од земјите со анализа на подготвеноста на институциите да одговорат на нив и да ја подобрат еколошката безбедност. Сите се согласија дека е потребна тесна соработка на сите Зелени партии на Балканот и нивно активно лобирање кај водечките политички структури во сопствените земји, како и анализа на стратешките документи во врска со климатските промени кои ги потпишале владини претставници од регионот и соработка со владини институции, експерти и невладини организации.

Заклучоци од советувањето на балканските зелени се:

  1. Зелените партии формираа Коалиција за еколошка безбедност на Балканот.
  2. Подигнување на свеста кај политичките субјекти и населението за еколошката безбедност
  3. Лобирање кај одговорните иституции за повеќе буџетски средства за справување со климатските промени и еколошките катастрофи и формирање соодветни институции за спречување и справување со климатските промени во земјите  каде што не постојат
  4. Зајакнување на соработката помеѓу иституциите, експертите и невладиниот сектор од балканските земји за изготвување и усвојување на платформа за справување со климатските промени
  5. Развој на информационата мрежа на земјите од Балканот и поврзување во регионален систем.
  6. Мапирање на институции, документи и активности поврзани со еколошката безбедност на национално и регонално ниво.
  7. Интегриран пристап за справувањето со климатските промени и еколошката безбедност базиран на научна основа.
  8. Формирање на работни групи одговорни за приоритените сектори за еколошката безбедност и подготвување на мерки и активности за постигнување на истата.
  9. Зелените преземаа обврска во наредните неколку месеци да организираат средби во своите земји со одговорните институции, претставници од невладиниот сектор, експерти од академската јавност, со цел подобра подготовка за претстојната конференцијата на балканските зелени за еколошката безбедност.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ