ДОМ во пресрет на предвремените парламентарни избори ја поддржа Декларацијата за соработка со младите. Во име на ДОМ, Декларацијата ја потпиша претседателката на Младинската организација, Симона Сарделиќ.
Со потпишување на оваа декларација ДОМ ги потврдува своите заложби за понатамошно унапредување на статусот на младите и транспарентно и партиципативно креирање на политики и стратегии за млади во Република Македонија.
Во декларацијата се наведени и заложби за подобрување на економскиот стандард преку намалување на невработеноста на младите во Македонија, унапредување на здравствените политики за млади, заштита на правата на младите и борба против дискриминацијата.
Својот потпис на оваа Декларација го ставија преставници од тринаесет партии, а иницијатор и креатор на истата е Националниот младински совет (НМС).