Во име на Младинската организација на ДОМ, претседателката Симона Сарделиќ, денеска потпиша Декларација за слободни и фер избори. Декларацијата ја потпишаа подмладоците на 17 политички партии во земјава, а иницијатор беше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.
По потпишувањето на Декларацијата, претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ истакна:
„Оваа иницијатива е во духот на кампањата на МОДОМ за Посилен глас на политичките подмладоци. Декларацијата за фер и демократски избори е во согласност со зелените вредности за почитување на различните мислења и давање простор за нови и прогресивни идеи чии носители најчесто семладите луѓе.“
Со придржување кон оваа Декларација, според неа, би се постигнало и јакнење на одговорноста кај младите и профилирање на кадри кои ќе можат да дадат соодветен придонес во политичкиот и во јавниот живот во Македонија. Ова воедно би значело дека, Ние, младите сме подготвени да преземеме одговорност за понатамошниот демократски развој на македонското општество и вклучување во политичките процеси во државата.
На крајот од своето излагање, претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ му се заблагодари на организаторот Институт Охрид, бидејќи оваа Декларација е една конкретна можност, политичките подмладоци да покажат дека не се само декор во партиите, туку се консултирани при донесувањето на секоја одлука и го преставуваат гласот на младите луѓе.