Марија Михајловска, членка на ИО на МОДОМ беше наш преставник ма семинарот„Читајте меѓу редови! Медиуми, образование, слобода на изразување и учество на младите“ организиран од Мрежата за развој и соработка во Источна Европа ЦДНЕЕ одржан во Турција од 22 до 29 Април 2012. Покрај нашиот преставник учествуваа 50 млади луѓе од Андора, Белгија, Република Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словачка, Словенија, Шведска , Швајцарија и Украина се собраа во градот Измит и зборуваа за тоа како:
– да се подобри пристапот на младите до јавниот простор и со тоа да им се даде можност на младите луѓе да го обликуваат општеството
– да се зајакне почитувањето и свеста за човековите права
– да се запре ширењето на стереотипи и други јавни дискурси, кои ги исклучуваат маргинализираните и други социјални групи.
– да се потсети, дека слободата на изразување е едно од фундаменталните, човекови права
– да се нагаласи важноста од партиципативноста на младите во јавните дискусии и процесите на одлучување, како што се изборите
– да се поттикнат младита да пристапат кон конструктивен и креативен начин на изразување
-и за крај да се идентифукава, кои информации се споделуваат во јавноста во однос на прашањата на половите, семејството, етничките и религиозни групи, еконосмките и политички вредности и кој има корист од истите.
Учесниците со различни „background„ ги споделија своите искуства и искуствата во своите земји. Семинарот заврши со улична акција на плоштадот Таксим во Истамбул, со цел да се нагласи важноста на слободата на изразување во Турција. Во текот на акцијата, младите активисти повикаа на крај на долгите притвори, на кои новинарите се подложени пред да бидат осудени и за потолерантен однос од страна на властите.
„Ние како млади граѓани и активисти повикуваме на крај, на напорите да се заплашуваат и замолчуваат новинарите, кои едноставно се обидуваат да ја завршат својата работа. Медиумите кои ние ги произведуваме и консумираме се од суштинско значење за отворена и вистинска партиципативна демократија. Граѓаните имаат право да бидат информирани и ова право не може да се исполни ако слободата на изразување и понатаму е ограничена наместо да биде ценета и заштитена„ – порачаа младите зелени од цела Европа.
Учесниците преку неформален начин се стекнаа со познавања од областите на човековите права, медиуми и ги развиваа своите интеркултурни компетенции за време на „Изложба на организации“ и „Интеркултурната вечер“, преку предавања, работилници, едукативни игри, дискусии и партиципативност, но во фокусот се постави и личниот развој, со надеж дека сето ова е мотивација да се истражуваат во иднина нови перспективи на ова поле.