Форумот на жени со поддршка на жените во Шпанија во борбата против предлог законот за ограничување на правото на абортус

Форумот на жени на ДОМ ги поддржува  жените и женските организации во Шпанија да се изборат против предлог законот за ограничување на правото на легален, слободен и безбеден абортус.

Сметаме дека ограничувањето на правото на абортус несомнено води кон зголемување на нелегалните абортуси и загрозување на здравјето и животот на жените и децата. Исто така, ограничувањето на правото на абортус е повреда на правото на жените слободно да одлучуваат за раѓањето деца и претставува форма на дискриминација врз жените.  

Форумот на жени на ДОМ ќе продолжи активно да делува за унапредување на сексуалните и репродуктивните права на жените, вклучително правото на легален и безбеден абортус  и за реализирање на принципот на нулта толеранција за било каков вид на дискриминација, вклучително и дискриминацијата врз жените.