Следејќи ги дневните извештаи од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП),http://airquality.moepp.gov.mk/ , МОДОМ апелира во идниот период секој од нас да вложи сопствени напори за намалување на загадувањето.
- Апелираме граѓаните да го користат јавниот превоз, а возилата да не се користат без поголема потреба;
- да ја рационализираме употребата на автомобилите и повеќе лица да се возат во едно возило;
- за тие што се во можност, употребата на велосипеди би значела многу за намалување на загадувањето;
- да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал. Препорачливо е да се користи чисто гориво за домаќинствата;
- граѓаните кои користат печки на дрва, да ги користат правилно, со што ќе допринесат за намалување на загадувањето;
Истовремено им препорачуваме на институциите да се обрне внимание на познатите загадувачи и да не се забораваат помалите индустриски капацитети, кои своите Б-интегрирани еколошки дозволи ги добиваат од општините, а во нив често пати се случува согорување на неквалитетни горива (отпадни масла, гуми, синтетички материјали).
Со почит,
Младинска организација на Демократска обнова на Македонија