Дебата и предавање на тема „Како до образование кое ќе ги поттикнува креативните и критички способности?“

Почитувани, Работната група за млади и образование на МОДОМ Ве поканува на гледање две видео-предавањa од познатиот едукатор Кен Робинсон: How Schools kill creativity и How to escape education’s death valley, со дебата на тема – „Колку образованието придонесува да се слушне гласот на младите во македонското општество и како до образование кое ќе ги поттикнува креативните и критички способности?“.

Оваа дебата има цел да го поттикне интересот на членовите на МОДОМ за образовните и младински политики, да отвори прашања кои сметаме дека се од исклучителна важност за да бидат земени предвид и во однос на нив да се планираат соодветни политики кои понатаму ќе бидат презентирани како партиски заложби на младинската организација.

Датум: 7 декември, сабота Време: 13 часот Локација: Централа на ДОМ