Основните човекови права се темел на денешната модерна цивилизација, а како се чувствува еден човек – тоа е неоспорливо право. Ние, младите, ги чувствуваме неправдите, со кои се соочува Македонија на меѓународен план, а блокирањето на европската интеграција и порекнувањето на идентитет на една држава во 21 век го сметаме за преседан во поновата историја.
Знамето, пак, како симбол, треба да претставува спојување на минатото и сегашноста. Во поновата македонска историја бевме сведоци на една промена на нашето државно знаме под притосок, а предизвиканото колективно чувство на доживеана неправда не исчезна.
Денеска, било каков предлог за донесување на ново знаме на Македонија, ние од МОДОМ го сметаме како дел од напорите за рушење на македонскиот суверенитет. Токму затоа, повикуваме на единство околу македонскиот суверенитет.
Со почит,
МОДОМ