Општинската организација на ДОМ – Ѓорче Петров, денеска засади садници во дворот на поликлиниката во нивната општина во рамките на есенската акцијата на „Денот на дрвото“. На оваа акција учество зедоа, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, проф. Денко Скаловски и Роберт Наумовски, советници од ДОМ, како и претставници од поликлиниката. Во акцијата учествуваа и проф. Кристина Николовска, шеф на кампањата, како и други членови од акцијата „Денот на дрвото“.