Поделени контејнери за отпадни батерии на јавните институции

Темелковски ја нагласи важноста од зголемување на свеста на јавноста за штетноста на отпадните батерии и акумулаторите, како производи кои содржат опасни хемиски материи со негативно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. 

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање на 15.11.2013г, по повод завршувањето на проектот „Воспоставување на систем за управување со отпадни батерии – ГоуКлин“, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и преставници на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина одржаа едукативно-информативен состанок и донираа контејнери за отпадни преносни батерии за јавните институции.

Во поздравното обраќање заменик министерот Темелковски ја нагласи важноста од зголемување на свеста на јавноста за штетноста на отпадните батерии и акумулаторите, како производи кои содржат опасни хемиски материи со негативно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Во презентацијата беше објаснет системот за управување со отпадните батерии со нагласена потребата од зајакнување на капацитетите на администрацијата за оваа проблематика. На претставниците од јавните институции им беа поделени контењери за отпадни батерии со препораки за поставување на фрекфентни локации.

Проектот почна да се спроведува во 2011 година по иницијатива на Шведската амбасада со цел да ја поддржи имплементацијата на Законот за управување со батерии и акумулатори и опфаќа поставување на собирни пунктови во јавните институции и едукација на јавната администрација за системот.