Поповска на првиот регионален состанок на парламентарните тела надлежни за човекови права и рамноправност на половите

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Лилјана Поповска, на 29 и 30 октомври оваа година ќе учествува на првиот регионален состанок на парламентарните тела надлежни за човекови права и рамноправност на половите што се одржува во Белград, Република Србија.

Во рамките на овој состанок Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на РМ, г-ѓа Лилјана Поповска, денес ќе ги презентира надлежностите, активностите и добрите практики на парламентарните тела за родова рамноправност.

Целта на состанокот е да се утврдат целите и правците за понатамошна меѓународна парламентарна соработка.