Реакција на ДОМ за сечата на дрвја на Јакупица

ДОМ за да се спаси шумскиот фонд на планината Јакупица заедно соекологистите преземаат акција за откривање на виновниците коиво шумата на планинскиот масив вршат сеча на дабова и букова шума.

ДОМ и велешките екологисти ќе ги посетат државните институции и ќеостварат средби со првите луѓе на Македонски шуми и на инспекторатот за шуми и ќе побараат да се почитува законот и пропишанитестроги казни за кражбите на дрвја.

„Очигледно дека има некои скршени алки во овој синџир, оти тоа е цел синџир од институции кој треба да ги заштитат шумите, една алка ако се скрши се случува ова што се случува“- изјави претседателката на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска.

Во исто време заедно со граѓаните ќе прават еколошки патроли низ шумите на Јакупица.