МОДОМ ја определи стратегијата и насоката на дејствување

МОДОМ, Младинската организација на ДОМ, одржа тридневно стратешко планирање во Богомила на кое беа присутни членови од извршниот одбор, претседатели на општинските организации и активни членови.

Учесниците дискутираа на области кои се однесуваат на Зелените на европско, национално и локално, ниво, одржлив развој, екологија, гмо, здрава храна, обновливи енергија, хуманост, слобода на говор, демократија, толеранција, еднакви можности, лгбт, солидарност.

Преку работа во групи и конструктивен дијалог се определија областите кои според младите активисти треба да бидат приоритети на МОДОМ, а се поделени две главни групи, и тоа: програмски и организациски. Четирите програмски приоритети се:

1. ЕКОЛОГИЈА И ОТПАД

2. МЛАДИ И ОБРАЗОВАНИЕ

3. АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

4. МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО И СОРАБОТКА

Во однос на организациските приоритети МОДОМ во наредниот период ќе се фокусира на:

1. Зајакнување на внатрешна организација и комуникација

2. Едукација на членство

3. Брендинг и позиционирање

За секој приоритет се изготви акциноен план со цели, активности, временска рамка, потребни ресурси и одговорни лица.

Се согласивме дека екологизмот значи начин на живеење кој го почитува другиот- екологизмот и другоста се темелна вредност и карактеристика на Зелените. Се заложивме да го почитуваме мноштвото, да придонесеме за враќање на  балансот со природата. Еколошкиот начин на размислување верува дека човекот не е најбитниот елемент кој владее со системот, туку дека сме дел од системот и тука сме да ко-егзистираме. Затоа да размислуваме глобално и да знаеме дека иницијативата е во сите нас. 

Покрај стратешкото планирање, МОДОМ го поддржа и саемот на здрава храна кој се одржа во недела, 15 септември,  во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во с.Богомила.

Младите на ДОМ активно ја изразија својата поддршка преку испраќање порака до посетителите, општинските власти и сите граѓани,  дека здравата и органски произведена храна е предуслов за здрава и одржлива иднина. Со транспаренти и изјава во медиумите предупредивме дека генетски модифицираната храна е најголемата закана по здравјето на луѓето и животната средина. МОДОМ уште еднаш повика да се вратиме кон традиционалните начини на производство на домашна храна, преку употреба на автохтони сорти на семенски материјал кои најдобро виреат на македонската почва.

Доколку  имате исти заложби со нас и сакате да станете член на МОДОМ испратете е-маил на modom@dom.org.mk