Со јавна дебата на тема “Улогата на младите во создавање на енергетска политика” МОДОМ ја одбележи Европската недела на одржлива енергија. На дебатата се дискутираше енергетската ситуација на Македонија и стратегиските определби на ЕУ и која е улогата на младите луѓе и политичките подмладоци.
Главни заклучоци и препораки кои произлегоа од дебатата се следните:
- Потребно е целосна ревизија на стратегијата за развој на енергетиката или изработка на нова која ќе соодвествува на стратегијата на ЕУ
- Инвестициите да се насочат кон мерки за енергетска ефикасност и развој на соларната енергија
- Плановите за големите хидроцентрали да се ревидираат, особено оние кои предизвикуваат опасност за уништување на непроценливо природно богатство (пример национални паркови).
- Искористување на биомасата како обновлив извор на енергија да биде контролиран и да се почитуваат критериумите за одржливост на дрвјата и шумите.
- Отпадот да се користи како извор на енергија
- Иницијативата да дојде “одоздола”, односно граѓаните и локалните самоуправи за развивање на проекти и постигнување на енергетска независност како заедници
Европската недела на одржлива енергија 2013 се одржува од 24-ти до 28-ми јуни каде се организираат стотици настани за промоција на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. МОДОМ втора година по ред организира активност по повод неделата за развивање на свест и едукација на тема обновливи извори на енергија.