Контролни лабаратории за загадувањето од Железара

Загадувачите немаат намера да ги спроведат еколошките мерки без принуда, зашто инаку тоа ќе го стореа во изминатите години пред економската криза, кога на берзите нивните производи постигнуваа фантастични добивки. Значи, принудата мора да ја спроведат надлежните служби, откако егзактно ќе утврдат дека е загрозена животната средина и здравјето на луѓето. Патем, тоа се гледа со голо око и се чуствува на своја кожа!

Очигледно дека самите загадувачи немаат намера да ги спроведат еколошките мерки без принуда, зашто инаку тоа ќе го стореа во изминатите години пред економската криза, кога на берзите нивните производи постигнуваа фантастични добивки. Значи, принудата мора да ја спроведат надлежните служби, откако егзактно ќе утврдат дека е загрозена животната средина и здравјето на луѓето. Патем, тоа се гледа со голо око и се чуствува на своја кожа! За таа цел мора да се обезбеди следново:

1) Да се доопреми и акредитира контролната хемиска лабораторија во Министерството за животна средина, за да има можност за проверка на резултатите добиени од неколкуте акредитирани лаборатории кои се надворешни приватни фирми. Со тоа ќе се зголеми сигурноста на добиените резултати и ќе зајакне позицијата на самото министерство. Исто така, бараме да се доопреми и комплетира лабораторијата на Хемиски факултет за нафта и нафтени деривати, за што Владата вложи солидни средства, за да не остане само на Окта, на пример, да си го контролира сама загадувањето што го прави!
2) Да се зголеми бројот на инспектори за животна средина, зашто 18 инспектори не можат ни физички да ги покријат потребите. Истовремено, да се опремат и доекипираат инспекторатите, заради нормално функционирање.
3) Да се постави цела мрежа од мерни станици за загадувањето на воздухот и водата, при што, се подразбира, тие треба редовно да се одржуваат и следат.

Сево ова се минимум услови за обезбедување поздрав и поквалитетен живот во Гази Баба и Бутел, но и во цела Македонија. Тоа бара и конкретни средства, кои не се големи како дел од државниот буџет, но се значително зголемување на сегашниот буџет на Министерството за животна средина.

Затоа, ДОМ бара и зголемување на буџетот на Министерството за животна средина од најмалку 50%. Оваа проекција треба да се вгради уште сега, при подготовките за следниот буџет.

Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше Потпретседателката на Комисијата за животна средина на ДОМ Христина Оџаклиеска