Носителите на листите на ДОМ од Град Скопје, Гази Баба и Бутел, проф. д-р Денко Скаловски, Мирослав Богдановски, Златко Јордановски и претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на сопствено барање ги посетија „Скопски легури“. Беа примени од директорот за Општи работи Горан Митевски, при што се водеше разговор за тоа какви еколошки мерки имаат досега преземено.

По разговорот Златко Јордановски, инаку хемиски инженер и поранешен вработен во оваа компанија изјави: Дојдовме поради поплаките на граѓаните од Бутел и Гази Баба на загадувањето што доаѓа од локалитетот Железарница. Задоволни сме што Скопски легури брзо одговорија и заклучивме дека тие се единствен металуршки субјект кој има А дозвола за усогласување, со обврска да ги доврши работите до 2014. Но, тие во моментов не работат и не знаеме колку ефикасна е заштитата што ја имаат направено.
Лилјана Поповска изјави дека сооветниците на ДОМ ќе бидат дежурна еко патрола во советите, ќе го контролираат работењето на инспекторите во општините и во Градот кои ги има вкупно 12 и ќе инсистираат тие да бидат подобро опремени и со луѓе и со возила и да реагираат навремено на лице мести или до Министерството за екологија. Во Скопски легури нагласија дека сите металуршки комбинати би биле подготвени за поголеми инвестиции во екологијата доколку се обезбеди владина поддршка за поволни кредити.