Помали сметки за струја од 50% до 80%

Како советници од ДОМ  ќе се залагаме за намалување на сметките за потрошена електрична енергија, преку субвенционирање на домаќинствата кои ќе вложат во инсталации од обновливи извори на енергија или ќе сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на нивните објекти. На овој начин сметките можат да се намалат од 50% до 80%.

Како советници од ДОМ во Советот на општина Карпош, но и во другите општини ширум Македонија, ќе се залагаме за намалување на сметките за потрошена електрична енергија, преку субвенционирање на домаќинствата кои ќе вложат во инсталации од обновливи извори на енергија или ќе сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на нивните објекти. На овој начин сметките можат да се намалат од 50% до 80%. Истото ова се однесува и на објектите од јавен карактер – болници, училишта, градинки – за кои предвидуваме енергетска санација – рече на прес конференцијата Александар Анѓушев, носителот на зелената советничка листа за општина Карпош.

За реализирање на претходново, ќе бидат отворени канцеларии во општините во кои ќе се едуцираат и обучуваат кадри, кои ќе бидат инволвирани во остварувањето на зацртаната цел. Со ова ќе потпомогнеме да се креираат нови зелени работни места во енергетиката и во градежништвото.