Воведување на функцијата Градски архитект и Градски Совет на архитекти, донесувањето на Зелениот катастар и воспоставувањето на Кластер за Зелен град се само дел од проектите кои ги промовираше носителот на зелената советничка листа на ДОМ проф. д-р Денко Скаловски.
Зелениот катастар е проект за евиденција и заштита на постојните зелени површини во Скопје, но преку него од ДОМ ја искажуваме и нашата категоричка заложба за зголемувањето на зелените површини (дрворди, паркови) по глава на жител. Со воведувањето на функцијата Градски архитект ќе се овозможи носење на урбанистички решенија во Скопје, кои ќе бидат по мерка на неговите граѓани – рече Скаловски. Со воспоставувањето на Кластерот за Зелен град ќе се овозможи функционално и пазарно поврзување на множеството компании и институции од областите на животната средина, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, градежништвото и транспортот во насока на подобрување на состојбата на животната средина и здравјето на луѓето.
Проф. д-р Скаловски ги напомена и следниве проекти и приоритети на кои ДОМ преку Советот на Град Скопје ќе работи во наредниот 4 годишен мандат: замена на сегашниот јавен транспорт со поекономични и еколошки поодржливи превозни средства во градот, намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 20% до 2020 г, одржливо управување со отпадот, дислокација на старите депонии со опасен отпад од напуштените и активните индустриски капацитети, задолжително еколошко образование во основното и средното образование, реконструкција на сите училишта заради зголемување на енергетската ефикасност, Отворање зелени работни места, посебно во индустријата и намалување на невработеноста преку нив.
Ова се нашите проекти и заложби кои се за наше заедничко добро, за доброто на нашите деца и за доброто на сите идни поколенија – заврши проф д-р Денко Скаловски.