Велес без Топилница, во Охрид зграда покрај Антички

Денес сакаме да кажеме една добра и една лоша вест.

Добрата вест доаѓа од Велес.Таму победи екологијата над бизнис интересот на мала група луѓе. Имено Велешани со усвојувањето на генералниот урбанистички план се спасија од Топлницата и од можноста таа да биде рестартирана. Тука заслужуваат честитки Советот на општина Велес, градоначалникот на Велес и секако Министерството за животна средина кој што ја потврди одлуката за носење на генералниот урбанистички план во Велес.Сега се очекува тоа истото да го стори и Министерството за транспорт и врски.

Имено Велешани сфатија дека економијата и екологијата одат заедно рака под рака. И само ако двата интереса се гледаат ќе има и здравје за граѓаните ќе има здрав живот, меѓутоа ќе има и вработување коишто нема да бидат штетни за здравјето и иднината на градот.

Лошата вест доаѓа од Охрид. Во Охрид имено среде стариот град, среде заштитеното јадро со закон, накај амфитеаторот се гради четирикатна зграда за некој странски инвеситор спротивно на законот за заштита на старото јадро каде што се вели дека не смеат да се менуваат границите на урбаните блокови не смее да се менува висината на објектите и габаритот на заштитените добра и објекти. Значи спротивно на оваа одредба од законот коишто сме го донеле во Собранито се гради четворокатница за која што граѓаните од улица Браќа Миладиновци се побунија и не замолија како зелена партија да реагираме и затоа по нивно барање реагираме.

Тие ни паратија снимки на кој што има и планови во којшто јасно се гледа дека четворокатницата во профил на еден страничен изглед делува како да е двокатница и тука е всушност измамата која што се прави.

Ние сакаме да укажеме дека убаво е да има инвеситори коишто сакаат да инвестираат во Македонија, во Охрид . Меѓутоа не може  инвеситорите да прават што сакаат и како што сакаат. Македонија не е село без кучиња имаме закони коишто треба да ги штитат нашите интереси. Ваков интерес Охрид дефинитивно нема, затоа што Охрид е убав и скапоцен град за нас за нашата култура и за нашето културно историско наследство затоа што е заштитено тоа градско јадро, затоа и УНЕСКО го заштити.

Ако ние го руинираме и уништиме ликот на стариот Охрид, тогаш не ни требаат закони за заштита. Не ни требаат ништо, затоа што на тој начин ќе си го уништиме културното наследство, ќе ја уништиме и шансата за туризам.

Значи апелираме до Министерството за транспорт и врски да направи ревизија на овие материјали и вакви чуда веќе да не никнуваат во старото јадро.

Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше Лилјана Поповска

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ