На светскиот ден на мајчините јазици ДОМ предлага една нова акција за меѓународна афирмација на македонскиот јазик. Тука пред се мислиме на неколку елементи: прво јакнење и проширување на македонските лекотрати, второ едно унапредување и осовременување на семинарот за македонски јазик, понатаму трето востановување на една голема македонистичка манифестација во вид на симпозиум или конгрес кој што ќе се одржува редовна на секои две или четири години кој впрочем и започна во 2008 и конечно една широка промоција на корените на македонскиот јазик како еден од најстарите јазици меѓу словенските.
На светскиот ден на мајчините јазици ДОМ предлага една нова акција за меѓународна афирмација на македонскиот јазик.
Сметаме дека тоа ќе биде природно продолжение на „2008 Година на македонскиот јазик“ која ДОМ ја иницираше, кога со поддршка на владата се направија серија капитални проекти за јакнење на македонскиот јазик пред се во државата и делумно во странство.
Но, овој дел во странство нам како на земја ни е особено важен, затоа што се соочуваме со пречки во нашето меѓународно интегрирање. Затоа е многу важно државата како и сите нејзини институции и владиини и невладини и научни пред се институции како Македонската Академија на Науките и Уметностите – МАНУ да се зафати со сериозна меѓународна афирмација на македонскиот јазик.
Тука пред се мислиме на неколку елементи: прво јакнење и проширување на македонските лекотрати, второ едно унапредување и осовременување на семинарот за македонски јазик, понатаму трето востановување на една голема македонистичка манифестација во вид на симпозиум или конгрес кој што ќе се одржува редовна на секои две или четири години кој впрочем и започна во 2008 и конечно една широка промоција на корените на македонскиот јазик како еден од најстарите јазици во јазикот основа на сесловенската писменост.
Ова сето е поврзано и со иницијативата на УНЕСКО идната година да се прогласи на Светите Кирил и Методиј и годишница на Моравската мисија. Сметаме дека на овој начин надоврзувајќи се на некои меѓународни иницијативи пред се на УНЕСКО, Македонија и Македонскиот јазик ќе ја добијат својата полна поддршка и афирмација.
Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше Лилјана Поповска