Европските млади зелени, Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) И Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ)во периодот од 15-ти до 20-ти јануари во Стење, Ресен одржаа регионален состанок на тема „Младинска невработеност и зелени работни места“.МОДОМ беше домаќин на овој состанок.
Како завршен настан на состанокот учесниците од Албанија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија реализираа flash mobво Скопје на Плоштадот Македонија. Младите зелени во пресрет на локалните избори испратија порака до кандидатите за градоначалници да посветат поголемо внимание за создавање на зелени работни места и со тоа да ја намалат стапката на невработеност на младите луѓе во нивната општина.
Флеш мобот имаше за цел да едуцира и да гопромовира концептот на зелено работно место. Акцијата имаше форма на театар со кој се елаборираа елементите на одржливиот развој (животната средина, економијата и општеството), а се состоеше од растурање и селектирање отпад, фрлање железни пари во воздух и родова дискриминација на работно место. Симболиката на акцијата беше дека зелената економија се исплати и значи почитување на основните човекови права.
Искрено се надеваме дека оваа порака од МОДОМ и Европските млади зелени ќе допре до идните градоначалници кои ќе ги стават зелените работни места како висок приоритет во нивните програми.
Со почит
Сектор за односи со јавност