Денес, на ден 02.12.2012 година (недела), со почеток во 12 часотво Салата на советот на Општина Кисела Вода се одржа Изборно собрание на Младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ).
Од 150 делегати присутни беа 128, кои го избраа Централниот одбор, Надзорниот одбор и Претседателот на МОДОМ.
Новиот Претседател на МОДОМ е Симона Сарделиќ, за потпретседатели беа избрани Деjан Ристовски, Блаже Јосифовски, Ана Видиниќ и Антонио Јовановски. Секретар на Младинската организација на ДОМ е Ивана Здравевска, а Организационен секретар Соња Костадиновска.
Беше усвоена и Програма за работа на МОДОМ 2013-2015, со заложби за подобрување на статусот и правата на младите во земјата преку развојот на зелените политики.
Ние како млади Зелени сме свесни за загрозеноста на природата. Тоа е директна последица од сегашната економска политика која се базира на прекумерно искористување на природните ресурси и во тие процеси сме секојдневно сведоци на изумирањето и исчезнувањето на различните видовите жители на планетата и уништување на еко системите. Неопходно е да ја резбереме ограниченоста на природните ресурси, да се прекине неоговорното уништување на необновливите ресурси на земјата, да престанеме да ги уништуваме флората и фауната, да го сочуваме овој свет за идните поколенија.
Оттука приоритети на МОДОМ се:
Демократија и човекови права
Родова еднаквост, еднакви можности и недискриминација
Одржлива економија и зелени младински работни места
Одржливо земјоделие
Eкологија
Применливо образование и култура
Соработка во меѓународни рамки и соработка со НВО
На Изборното Собрание присуствуваа и претставници на раководството на ДОМ, Претседателката г-ѓа Лилјана Поповска, која го поздрави собирот, г-дин Стево Темелковски, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и Претседателот на Советот на ДОМ, г-дин Димитар Мирчев.
Свое присуство земаа и претставници на политичките подмладоци од Македонија и претставници на НВО- секторот.