ДОМ бара казна за виновникот за поморот на рибите во Треска и Вардар

ДОМ реагира на пресудата на Основниот суд Скопје 2, со која на Македонската риболовна федерација и е одбиено Барањето за надомест на штета од ЕВН Македонија“ и предизвиканиот помор на риби во реките Треска и Вардар, кој се случи во 2007, заради нестручното чистење на езерото Матка.

ДОМ реагира на пресудата на Основниот суд Скопје 2, со која на Македонската риболовна федерација и е одбиено Барањето за надомест на штета од ЕВН Македонија“ и предизвиканиот помор на риби во реките Треска и Вардар, кој се случи во 2007, заради нестручното чистење на езерото Матка.


Во ДОМ остануваме зачудени од пресудата, бидејќи сите надлежни институции и стручните лица ја констатирале штетата, а сепак нема правилна судска завршница.

ДОМ не е со намера да влијае врз одлуките на судската власт, ниту некој да биде посочен како виновник без претходна целосна истражна и судска постапка, но факт е дека на Треска и на Вардар им се случи ненадоместлива еколошка катастрофа, со која беше речиси целосно уништен рибниот фонд во нивните води. Затоа некој треба да сноси одговорност и соодветно да сноси последици.

Затоа ДОМ бара:

  1. Повторна истражна и судска постапка, преку која ќе се утврди вистинскиот виновник за еколошката катастрофа;
  2. Судските власти во Македонија многу посериозно да пристапуваат кон сите постапки со кои е нанесена штета на животната средина;
  3. Лицата од судската власт, кои ќе работат на случаи во кои била предизвикана штета на животната средина да бидат едуцирани за еколошката проблематика.

ДОМ како зелена партија застанува на страната на Македонската риболовна федерација и подготвени сме да им помогнеме во нивната борба за докажување на вистината за поморот на рибите на Треска и Вардар, но и секаде каде во последниве години се случија идентични настани, со кои беше загрозена животната средина.