ДОМ повторно предлага, серија мерки за заштита на постоечкото урбано зеленило и негово проширување: Владата да предложи Закон за зеленило, а доколку треба, спремни сме и да го подготвиме, според закони од Австрија, Германија и други земји каде постои ваква законска регулатива; Градот Скопје да ги прифати писмените забелешки за зголемување на зелените површини во ГУП-от, чие носење е во тек; Градот Скопје да ја реализира целосно идејата за зелен катастар, која веќе ја прифати; општина Центар да го прифати нашиот предлог стар 3 години, за подигање Парк на младенците, со што ќе се компензира барем делумно изгубеното зеленило, но и ќе се облагороди градот со нова содржина – ова се барањата кои и на прес конференцијата ги изложи портпаролот на ДОМ Тони Ристов.
ДОМ смета дека на зеленилото во Скопје и во другите градови му е неоходна институционална заштита, за да се смени односот кон него од страна на локалните власти, кои многу лесно носат одлуки за негова пренамена во градежни парцели. На оваа тема сме одржале многу пресови, трибини и настани, како одбележувањето на Денот на Планетата Земја под мотото Да ги одбраниме парковите, иницијативата за институционална заштита на зеленилото или Гушкање на дрвата на Денот на екологијата и др.
Неодамна гостин на ДОМ беше заменикот градоначалник на Париз, Кристоф Најдовски од Француските Зелени, кој јавно сподели дел од зелените искуства на својот град. Притоа го кажа податокот дека за последниве 10 години локалната самоуправа во Париз во која учествуваат Зелените, ги зголемила зелените површини за 30.000 м2, а во план се уште толку зелени површини до крајот на мандатот. Ако еден милионски град како Париз нашол интерес и можност да ги зголеми зелените површини, тогаш може и нашето Скопје да направи нешто слично, во интерес на подобро здравје на граѓаните и убавиот изглед на градот.
ДОМ повторно предлага, со ризик да биде и досаден, серија мерки за заштита на постоечкото урбано зеленило и негово проширување:
- ДОМ иницира Владата да предложи Закон за зеленило, а доколку треба, спремни сме и да го подготвиме, според закони од Австрија, Германија и други земји каде постои ваква законска регулатива.
- ДОМ бара од Градот Скопје да ги прифати писмените забелешки за зголемување на зелените површини во ГУП-от, чие носење е во тек.
- ДОМ очекува Градот Скопје да ја реализира целосно идејата за зелен катастар, која веќе ја прифати.
- ДОМ бара од општина Центар да го прифати нашиот предлог стар 3 години, за подигање Парк на младенците, со што ќе се компензира барем делумно изгубеното зеленило, но и ќе се облагороди градот со нова содржина.
Убедени сме дека овие предлози на ДОМ се во интерес на сите нас како граѓани и дека ќе ја добијат поддршката од институциите на национално и локално ниво.