Иницијативата на ДОМ и асоцијацијата на невладини организации „Ајде Македонија“ за „Македонија без отпад 2012“ успешно се реализираше. Акцијата опфаќаше чистење на Македонија од отпадот по дивите депонии. Во оваа акција под мото “Активирај се не биди отпад!” беа вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и 54 општини ширум Македонија имаше регистрирано 440 настани, беа вклучени над 55.000 граѓани и беа отстранети над 60.000 кубни метри отпад.
ДОМ како еден од иницијаторите на акцијата (промовирана по повод Светскиот ден на туризмот 27 септември 2011) изразува задоволство затоа што акцијата поттикна широк активизам и кај општините и кај граѓаните кои самоиницијативно се организираа за да се отстрани што поголемо количество на отпад. Исто така задовони сме бидејќи акцијата наиде на поддршка и од државните институции, многубројни компании, невладини организации и институции.
Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, која активно учествуваше во акцијата, во оваа прилика нагласи дека чистењето е само прва фаза од тоа што треба да се стори.
Отпадот е многу скап ресурс. Од него може да се добие биомаса за правење енергија, но може да се прават и други производи. Во иднина мора да се изградат капацитети за селекција и преработка на отпадот – рече Поповска.
Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучија во глобалната акција „Let’s do it! World 2012“, која е официјално поддржана од Европскиот парламент и се одвива во 85 земји.