Париз како примерен еколошки град во 2020 година, со 30 % намалено зрачење, 30 % намалена потрошувачка на енергијата во градските објекти и од јавното осветлување и 30 % енергетски потреби задоволени од обновливите извори на енергија – тоа се целите на Климатскиот план на Париз, стратегиски документ кој го предложија француските Зелени, а беше едногласно усвоен во Градскиот Совет на Париз. За овие планови и остварените резултати од партиципацијата на Зелените во париската локална самоуправа на трибината што ја организираше ДОМ зборуваше заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, Македонец роден во Франција, член на француските Зелени.
Париз како примерен еколошки град во 2020 година, со 30 % намалено зрачење, 30 % намалена потрошувачка на енергијата во градските објекти и од јавното осветлување и 30 % енергетски потреби задоволени од обновливите извори на енергија – тоа се целите на Климатскиот план на Париз, стратегиски документ кој го предложија француските Зелени, а беше едногласно усвоен во Градскиот Совет на Париз. За овие планови, но и за остварените резултати од децениската партиципација на Зелените во париската локална самоуправа денеска на трибината што ја организираше ДОМ зборуваше заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, Македонец роден во Франција, член на француските Зелени.
Најдовски истакна дека особено внимание се посветува на јавниот превоз, проширувањето на мрежата на метроата, воведувањето на нови трамвајски линии, јавниот градски сервис за изнајмување на околу 20.000 велосипеди на 750 пунктови во градот, продолжување на велосипедските патеки за 22 км, достапност на јавниот превоз во доцните ноќни часови, определување на повеќе сообраќајни ленти за јавниот превоз, како мерки за одржлив транспорт во Градот на светлината.
Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски е роден и живее во Париз, како припадник на втората генерација на иселеници од Македонија. Неговите родители во Париз дошле во 1968 година од Битола, но врската со родниот крај никогаш не ја прекинале. Кристоф Најдовски е член на Зелената партија на Франција од 1993 година, а од 2001 е во градската власт, прво како советник, кој се залагал во сферата на животната средина, транспортот и превозот и урбанизмот, а потоа и како заменик градоначалник на Париз од 2008 година. Негов сектор на надлежност, како заменик градоначалник се предучилишните установи, нивниот развој и одржување.