ДОМ, ја дава својата целосна поддршка на граѓанската иницијатива на „Биди Зелен“ и Сојузот на Извидници на Македонија, „Марш за намалување на CO2“, кој ќе се одржи во петок на 22.06 со почеток во 10:30 часот, од плоштад Македонија до Старата железничка станица.
Емисиите на јаглерод диоксид во воздухот, како последица од согорување на фосилните горива во енергетскиот сектор, индустријата и сообраќајот во градот, се зголемуваат од ден во ден. CO2 е гас чии концентрации остануваат во атмосферата од 50 до околу 200 години. Присутен во високи концентрации, го зголемува ефектот на стаклена градина, придонесува за промени на климата, зголемување на температурата, загубата на екосистеми и секако има негативни импликации врз здравјето на луѓето.
ДОМ, како зелена партија, уште мината есен излезе неколку пати со апел до граѓаните за подигнување на јавната свест и до институциите за превземање на конкретни мерки. При тоа укажавме дека проблемот лежи во зголемените емисии на загадувачки материи од големите индустриски капацитети во градот, прекумерната градежна експанзија и лошите урбанистички решенија кои не дозволуваат проток на воздух во градот и ги намалувааат зелените површини – белите дробови на Скопје.
Затоа, ДОМ, ја дава својата целосна поддршка на граѓанската иницијатива на „Биди Зелен“ и Сојузот на Извидници на Македонија, Марш за намалување на CO2, кој ќе започне во петок на 22.06 со почеток во 10:30 часот, од плоштад Македонија до Старата железничка станица.
Апелираме, да се подигне јавната свест за неопходноста од намалување на емисиите на CO2 и да се превземат мерки за зголемување на контролата во индустрискиот сектор како и мерки за зголемување на ефикасноста при дејствувањето на институциите.
Настанот е од исклучителна важност бидејќи се случува за време на глобалниот Самит на Планетата Земја Рио+20 и Европската недела на Одржлива Енергија.
Пресот го одржа: м-р Христина Оџаклиеска