И по 10 години, загадувањето од Топилницата е големо

Општинската организација на ДОМ Велес во насока на целосна поддршка на граѓаните од Велес во борбата за зачувувње на животната средина од загадувањето и зачувување нa животот и здарвјето на луѓето и во насока на целосна поддршка за борбата за дислокација на Топилницата, на Зелената коалиција и на граѓаните од Велес ја одржаа Трибината со тема ЗЕЛЕН ВЕЛЕС vs Загадување со тешки метали на почвата во Велес и неговата околина.

Општинската организација на ДОМ Велес во насока на целосна поддршка на граѓаните од Велес во борбата за зачувувње на животната средина од загадувањето и зачувување нa животот и здарвјето на луѓето и во насока на целосна поддршка за борбата за дислокација на Топилницата, на Зелената коалиција и на граѓаните од Велес ја одржаа Трибината со тема ЗЕЛЕН ВЕЛЕС vs Загадување со тешки метали на почвата во Велес и неговата околина.

Трибината ја отвори Стевче Дечев – претседател на ОО на ДОМ Велес потенцирајќи дека оваа трибина е со цел да се обелоденат податоците за загадувањето на велешката почва од тешките метали, а Зелената партија наметнува еден нов начин на размислување, што значи дека не треба да се престане таму каде што се застанало, туку сите поактивно да се вклучиме по однос на отстранување на тешките метали од почвата со ремедијација, дислокација на фабриката и згурата.

Предавачи и говорници беа: Проф. Трајче Стафилов кој ги изложи непобитните факти од испитувањата во Велес за загадување со тешки метали на почвата и воздухот потенцирајќи дека дури и кога Топилницата е затворена последиците што се од неа како извор на тоа загадување се огромни. Велешката почва се уште е загадена со тешки метали. Последните испитувања покажуваат екстремно контаминирање на почвата во индустриските зони околу фабриката. Олово, цинк и кадмиум има и во останатите делови на градот. Покрај присуството на овие тешки метали во почвата и воздухот има и други отровни материи. Тој упати и повик да се дејствува според документите и одлуките кои Владата веќе ги прифатила иако процесот е скап. Професорот е вклучен во борбата на Велешани за дислокација на Топилницата од самиот почеток со низа истражувања, а фактите се несоборлив и најбитен дел во одлуката на Велес против загадувањето.

Соња Гаврилова, почесен претседател на Здружението на родители за грижа за здраво поколение и член на Зелената коалција го сподели искуството од неколку годишната посветеност во борбата за здрава животна средина и посебен осврт кон рехабилитацијата на деца и млади како потреба од долгогодишното загадување од Топилницата и тешката индустрија. Таа потенцираше дека „Климатската рехабилитација што ја спроведуваме е само привидно подобрување и залажување, затоа што изворот и причинителот се уште постои. Тој континуирано произведува и доведува до нови и нови заболувања. Како родители можеме да се ослободиме од стресот само тогаш кога сите надлежни институции заеднички ќе го решат проблемот

На тема Влијанието на загадувањето врз биодиверзитетот говореше м-р. Слаѓана Стаменкова- претседател на Комисијата за животна средина на ДОМ нагласувајќи дека е среќна што дом на 22-ри Мај ја организира оваа трибина зашто овој ден е Меѓународен ден на биолошката разновидност и докажаната посветеност на ДОМ како зелена партија ќе биде во насока на секојдневно зачувување на животната средина не само во еден ден.

 Со конкретни предлози за Одржливи индустриски политики трибината ја затвори м-р. Христина Оџаклиеска, потпретседател на Комисијата за животна средина на ДОМ потенцирајќи ја вложеноста на зелената опција но и повикот за поширока поддршка зашто е крајно време да се најдат алтернативни решенија со кои ќе се спречи понатамошното загадување на животната средина во Велес.