ДОМ и веб порталот Купимиленик.мк се заложија за изградба на соодветен парк за домашни миленици

Дом ја поздравува акцијата на град Скопје за создавање на парк за домашни миленици. Спека, заедно со претстанивниците од веб порталот Купимиленик.мк, сметаме дека треба да се вложат дополнителни напори овој парк за домашни миленици да добие повеќе простор и соодветна инфраструктура и реквизити. Вппрочем на тоа повикува и Законот за заштита од благосостојбата на животните. Со соодветен парк за домашните миленици ќе се обезбеди задоволување на нивните физиолошки и етолошки потреби и ќе стане пријатно место каде домашните миленици и нивните сопственици ќе поминуваат пријатни моменти.

ДОМ беше поканет од веб порталот Купимиленик.мк, да учествува на манифестацијата „Ден со нашите домашни миленици“, кој беше организиран во Градскиот парк во Скопје. И ДОМ и Купимиленик.мк притоа искажаа задоволство од почетокот на соработка, која ќе има за цел креирање на решенија за подигнување на квалитетот на живот и благосостојбата  на животните, преку заеднички акции кои ќе ја подигнат културата на живеење и однесување на едно повисоко ниво. 

Се собравме во Градскиот парк за да покажеме дека во Македонија Кинологијата прераснува во култура, а за тоа потврда е фактот дека секое второ семејство чува домашен миленик. Затоа и сакаме да упатиме подршка за градот Скопје и до сите надлежни институции за изградба на соодветен парк за кучиња за кој сметаме дека Скопје како метропола го заслужува. Денеска не има во огромен број сопственици на домашни миленици што само е показател дека парк за домашни миленици е нешто што е неоходно да се изработи, а ние како прв македонски кинолошки портал секогаш ќе бидеме отворени за секој вид консултации – изјави Стефан Кирков од Купимиленик.мк.

Од ДОМ ја поздравуваме акцијата на град Скопје за создавање на парк за домашни миленици. Сепак, заедно со претставниците од веб порталот Купимиленик.мк, сметаме дека треба да се вложат дополнителни напори овој парк за домашни миленици да добие повеќе простор и соодветна инфраструктура и реквизити. Впрочем на тоа повикува и Законот за заштита и благосостојба на животните. Со соодветен парк за домашните миленици ќе се обезбеди задоволување на нивните физиолошки и етолошки потреби и ќе стане пријатно место каде домашните миленици и нивните сопственици ќе поминуваат пријатни моменти. Вооедно ги поттикнуваме и останатите локални самоуправи да размислуваат во оваа насока – рече Срѓан Мештеровиќ од Комисијата за земјоделство на ДОМ. 

Ваквиот парк би имал многу предности, пред се во однос на социјализацијата на домашните миленици и нивните сопственици. Исто така паркот би им овозможил на сопствениците меѓусебе да разменуваат искуства, а за милениците ова би бил одличен простор за нивна соодветна физичка и ментална активност. Со создавањето на паркот за миленици би се надминале некои проблеми со кои се соочуваат луѓето, домашните миленици и заедницата. Кај луѓето би се намалила потенцијалната опасност од агресивните миленици, опасноста од физичка повреда, опасноста од доаѓање во допир со паразити. 

 Оваа можност сакаме да ја искористиме и да ги повикаме и граѓаните и институциите на системот, на еден похуман однос кон животните, пред се тоа се однесува на подобрување на условите за чување и грижата за нив – заврши Мештеровиќ.