Користење на Европски фондови за излез од енергетската криза

Институциите на државно и локално ниво да преземат активности за користење на европските фондови. Граѓаните да се обратат до компаниите специјализирани за градење со еколошки стандарди. Сите треба да станееме свесни дека вреди инвестицијата која чини 10% – 30% поскапа, но која долгорочно штеди енергија и ги намалува сметките за струја од 50 % до 80%. Тоа за државата значи заштеда на струја до 30 %, токму онолку колку што Македонија во овој момент увезува.

Енергетската криза во која се најде Македонија, предизвикана од поларните студови во изминатите денови, нанесе штети на стопанството и на квалитетот на животот на граѓаните. ДОМ повторно повикува дека Македонија итно треба да преземе мерки за поголема енергетска ефикасност и употреба на обновливите извори на енергија.

Затоа апелираме до институциите на државно и локално ниво да преземат активности за користење на европските фондови. Граѓаните да се обратат до компаниите специјализирани за градење со еколошки стандарди. Сите треба да станееме свесни дека вреди инвестицијата која чини 10% – 30% поскапо, но која долгорочно штеди енергија и ги намалува сметките за струја од 50 % до 80%. Тоа за државата значи заштеда на струја до 30 %, токму онолку колку што Македонија во овој момент увезува – рече портпаролот на партијата, Тони Ристов. 

 Средствата со кои располагаат европските фондови досегаат над 500 милиони евра. На пример такви се фондовите на Европската Инветициска банка; програмата Интелигентна енергија од која се финансираат проекти: наменети за пионерски идеи за употреба на обновливите енергии; Европската локална енергетска помош наменета за општинските потреби; програмата за набавка на продукти и обезбедување на услуги; Кохезиониот инструмент Заеднички европски ресурси за микро и средни претпријатија или скратено Џереми и други.  Овие фондови покриваат  проекти дури и до 75 % од вкупните трошоци. Сепак Македонија овие средства не ги користи. 

 Во Македонија минимум 80% од објектите се енергетски неефикасни. Во нив 65% од енергијата се троши за греење на просторот, а имаат загуба 40-60% на енергија. Голем дел од нив се јавни објекти, како училишта, градинки, владини или локални објекти итн. 

 Свеста за енергетската ефикасност и за употребата на обновливите извори на енергија, генерално, е подигната на повисоко ниво. Одредени мерки веќе се преземени, но потребно ни е да развиеме уште посилни политики, да создадеме сопствени инструменти кои енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија ќе ги подигнат на ниво на задолжителен стандард. Тука пред се мислиме на надминувањето на законските и финансиските бариери, кои ќе ја поддржат ова енергетска транзиција во јавниот сектор, стопанството и домаќинствата – изјави Тони Ристов.  

 Преземените мерки на ова поле, покрај видливиот бенефит во подигањето на квалитетот на живот на граѓаните, ќе и овозможат на Македонија исполнување и на директивите на ЕУ за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на потрошувачката на енергија за 20% до 2020 година – заврши Ристов. 

 Бизнис секторот настојува, преку синергетски ефекти со законодавната и извршната власт да изврши реализација на целите од доменот на енергетската ефикасност. Критичната маса на консултанти, експери, проектанти и изведувачи на проекти, гаранциско и постгаранциско опслужување на објекти е воспоставена. Способноста за имплементација на енергетски ефикасни решенија еволутивно напредува, a субјектите од Македонија стануваат конкурентни и кон надворешните пазари. Очекуваме понатамошна помош за  ефектуирање на вложените напори – изјави Митре Арсовски од Комората на мали бизниси.