ДОМ апелира до ЕВН Македонија да преземат превентивни мерки пред исклучувањето на корисниците

ДОМ упатува апел до надлежните во ЕВН Македонија да ја променат процедурата на исклучување од енергетската мрежа на потрошувачите кои не ги подмириле своите сметки. Сметаме дека сегашниот начин е репресивен и нехуман, а особено овој период кога Македонија е зафатена со сибирски студ. Сметаме дека ЕВН Македонија треба да преземе прво превентивни мерки кон потрошувачите, на пример како опомени покрај писмени и усни и да даде одреден временски рок за плаќање на сметките, а потоа ако потрошувачот не ја извршил обврската, да биде преземена мерката исклучување како последно решение – изјави Стевче Дечев, претседател на ОО ДОМ Велес.

ДОМ упатува апел до надлежните во ЕВН Македонија да ја променат процедурата на исклучување од енергетската мрежа на потрошувачите кои не ги подмириле своите сметки. Сметаме дека сегашниот начин е репресивен и нехуман, а особено овој период кога Македонија е зафатена со сибирски студ. 

Сметаме дека ЕВН Македонија треба да преземе прво превентивни мерки кон потрошувачите, на пример како опомени покрај писмени и усни и да даде одреден временски рок за плаќање на сметките, а потоа ако потрошувачот не ја извршил обврската, да биде преземена мерката исклучување како последно решение – изјави Стевче Дечев, претседател на ОО ДОМ Велес.

ОО ДОМ Велес, реагира, откако до нас стигнаа поплаки од повеќе домаќинства и мали претпријатија, кај кои директно е извршен обид за исклучувње без превентивна најава или се извршени директни исклучувања од електричната мрежа. Револтот кај граѓаните е поголем заради односот на вработените кои работат на терен, а и од високата сума која треба да се плати за повторно приклучување, која голем број од исклучените домаќинства, заради финансиската состојба во која се наоѓаат не се во состојба да ја платат. 

 Во Македонија мора да се преземат подобри мерки за заштита на  потрошувачите и тие да бидат почитувани, затоа што компаниите функционираат и профитираат токму од нив.

Од ДОМ како зелена партија, би сакале да упатиме апел и до граѓаните, максимално рационално да ја користат електричната енергија. Секако потребни се и дополнителни мерки, стимулирани од државата, за заштеда на електричната енергија. Пред се тука мислиме на преземање мерки за зголемување на енергетската ефикасност во домовите преку изолација на фасадите, стимулирање на користењето на сончевата енергија со поставување на сончеви колектори и панели. 

 Во таа насока ја поздравуваме активноста на министерството за економија со објавениот конкурс за субвенционирање на домаќинствата кои сакаат да постават сончеви колектори – заврши Дечев.