Планината Јакупица да се прогласи за национален пак. Со ваква ·иницијатива денеска излегоа еколошките невладини организации од Велес „Вила Зора“ и „Грин пауер“ чија иницијатива ја поддржа и ДОМ.
Планината Јакупица да се прогласи за национален пак. Со ваква иницијатива денеска излегоа еколошките невладини организации од Велес „Вила Зора“ и „Грин пауер“ чија иницијатива ја поддржа и ДОМ.
ДОМ ја превзеде и обврската оваа иницијатива да биде доставена до министерството за животна средина и просторно планирање.
„Сметаме дека во овие предели ќе има добра основа за развој на историски, културен и еко туризам и да се создадат услови за континуирано место за рехабилитирање на луѓето од Велес. Со заштитувањето на овие предели сметам дека ќе имаме можност да ги искористиме природните богатства што нашата околина ги има”, рече Ненад Коциќ – претседател на Вила Зора.
Иницијативата за прогласување на Национален парк на овој предел, богат со ендемски растенија, безрезервно ја подржа ДОМ. „Сметаме дека покрај тоа што ќе се заштитат природните реткости и културно историските споменици, ќе почне да се развива и еко туризмот. Тоа ќе биде можност за економски развој на целиот овој крај. Тоа ќе значи заживување на тие прилично запустени подрачја, па бенефит ќе имаат и граѓаните кои живеат таму”, рече Лилјана Поповска, претседател на ДОМ.
„Kaко pоддржувачи на ваквата иницијатива сметаме дека поддршка ќе има од сите страни, па овој предел набргу ќе биде прогласен за национален парк и дека ќе следи и бенефитот за Велес и велешко“ изјави Стевче Дечев – претседател на ОО на ДОМ Велес.До 2020 година, Македонија има обврска да заштити дваесет проценти од своите природни богатства. Досега под заштита на државата се само седум и пол проценти.