ICLEI е меѓународно здружение на локалните власти, како и на националните и регионалните организации на локални власти кои се посветени на одржливиот развој. Во оваа асоцијација членуваат над 1220 локални влади од 70 различни земји и застапуваат повеќе од 569.885.000 луѓе. Мисијата на ICLEI е да изгради и да му служи на светско движење на локалните власти за да се постигне опипливо подобрувања во одржливоста на глобално ниво со посебен фокус на подобрување на условите во животната средина преку кумулативни локални акции.
ICLEI е меѓународно здружение на локалните власти, како и на националните и регионалните организации на локални власти кои се посветени на одржливиот развој. Во оваа асоцијација членуваат над 1220 локални влади од 70 различни земји и застапуваат повеќе од 569.885.000 луѓе.
ICLEI беше осмислена во 1989 година, кога 35 лидери на локалните власти од Канада и САД се сретна со водечките научници за атмосферата, за да разговараат за осиромашување на озонската обвивка. Притоа тие ветија дека ќе донесат одлуки и закони на локално ниво за да се спречи осиромашувњето на озонската обвивка на планетата Земјата. Оттука дојде и идејата на Лари Агран, тогашен градоначалник на Ирвин, Калифорнија, САД и Џеб Бругман за формирање на агенција која би можела да ги координираа локалните влади да одговорат на глобалните проблеми со животната средина.
Под покровителство на Центарот за иноватина дипломатија, Џеб Бругман одржа консултации со локалните власти од повеќе од 20 земји за да добие поддршка за идејата. Концептот беше прифатен од страна на поранешната Меѓународната унија на локалните власти (IULA) и беше договорено ОН Програмата за животна средина да биде домаќин на основачкиот конгрес.
ICLEI е основана во 1990 година како “Меѓународниот совет за локални еколошки иницијативи“. Советот е формиран кога повеќе од 200 локални власти од 43 земји ја свикаа првата конференција на инаугуративната конференција „Светскиот конгрес на локалните влади за одржлива иднина“од 5-9 Септември 1990, во седиштето на ОН во Њујорк. По четири дневна работа Конгресот заврши со усвојување на Повелбата и назначувањето на привремениот Извршен комитет, а Сер Џон Четфилд беше избран за прв претседател на ICLEI, Џеб Бругман за прв генерални секретар.
ICLEI официјално започна со работа во март, 1991 година. Торонто, Канада, беше избран за седиште на Светскиот секретаријат на ICLEI а Фрајбург, Германија, како седиште на Европскиот Секретаријат на ICLEI . Седиштето на Светскиот Секретаријат се пресели во Бон, Германија, во 2009 година.
Мисијата на ICLEI е да изгради и да му служи на светско движење на локалните власти за да се постигне опипливо подобрувања во одржливоста на глобално ниво со посебен фокус на подобрување на условите во животната средина преку кумулативни локални акции.
ICLEI обезбедува технички консалтинг, обуки и информативни услуги за изградба на капацитети, размена на знаење, како и поддршка на локалните власти во постигнувањето на целите на одржливиот развој на локално ниво. Основна премиса според која се води оваа асоцијација е дека со иницијативите на локално ниво може да се обезбеди ефективен и економски ефикасен начин да се постигне одржливост на локално, национално и глобално ниво.