Економската програма на ДОМ за предвремените парламентарни избори е квалитетна и е слична и компатабилна со барањата на Сојузот на стопански комори, оцени претседателот на ССК, г-дин Златко Калеников, при што додаде: „Енергетската ефикасност е едно од најголемите барања што ние го поставуваме како ССК. Трговскиот дефицит најмногу се остварува преку енергијата, втора е нафтата, а потоа доаѓаат моторните возила. Исто така, грижата за животната средина треба да ја почувствуваат сите туристи што ќе ја посетат земјава.“
На презентацијата на економската програма на ДОМ која се одржа кон крајот на март во просториите на ССК, покрај членовите на Управниот одбор на ССК, присуствуваа и претставници на партијата ДОМ.
Економската програма на ДОМ за предвремените парламентарни избори е квалитетна и е компатабилна со барањата на Сојузот на стопански комори, оцени претседателот на ССК, г-дин Златко Калеников, при што додаде: „Енергетската ефикасност е едно од најголемите барања што ние го поставуваме како ССК. Трговскиот дефицит најмногу се остварува преку енергијата, втора е нафтата, а потоа доаѓаат моторните возила. Исто така грижата за животната средина треба да ја почувствуваат сите туристи што ќе ја посетат земјава.“